Членови на СДСМ: Црвенковски не ги подржува дворските игри

Од:

Кој ја плете играта и дали лидерот Бранко Црвенковски ги аминува тензиите во СДСМ?

Отворени прашања, без официјален одговор. Партиски членови, кои сакаат да останат анонимни, за А1он, велат Црвенковски не ги подржува дворските игри и сака да има единство во партијата.

Но ја објаснуваат тактиката, како што велат, која ќе доведе до поделби и го урива ликот на партијата.

Посочуваат дека се врши психолошки притисок врз месните одбори да не се предлагаат кандидати, посочувајќи им на членовите дека треба да се истакне само Црвенковски како кандидат, кој потоа ова ќе знаел да го цени.

Потоа во спротивност со Статутот на партијата на седница на Извршен на општинската организација се гласа чија кандидатура да биде подржана, иако треба да се евидентираат и поднесат сите кандидатури. Како пример се посочуваат Струга и Кочани, каде како единствен кандидат е досегашниот лидер, иако од членството биле предложени и Стево Пендаровски, Зоран Заев, Игор Ивановски и Зоран Јовановски.

Истиот извор, за А1он вели, дека Ѓорче Петров, Штип и Тетово ги имаат поднесено кандидатурите на сите предложени. Членовите се револтирани од фактот дека за членови на Централниот одбор се предлагаат исти имиња, иако не се од истата месна заедница.

Досега , според партиски извори има 15 кандидатури за лидер на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

СДСМ поднесе закон: двојно државјанство да немаат ниту министрите во Владата и да важи веднаш

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа