Филмот „Мајки“ на Милчо Манчевски неделава се прикажува на фестивалот „Европа на екранот“, што се одржува во Џакарта, Индонезија. „Мајки“ има две проекции на фестивалот, во рамки на програмата „Откритија“.
Ова е прв македонски филм што се прикажува во четвртата најнаселена земја во светот. Фестивалот е организиран во соработка со Европската Унија.
„Мајки“ е македонско-француско-бугарска копродукција, добитник на седум меѓународни награди, прикажан на повеќе од 40 фестивали на сите континенти, како и македонски кандидат за „Оскар“.
Европската филмска академија го вброи во 40 најдобри европски филмови на 2010. Во главните улоги настапуваат Ана Стојановска, Ратка Радмановиќ, Салаетин Билал, Владимир Јачев, Диме Георгиевски, Диме Илиев и Марина Поп Панкова.