Канада: Во Квебек 120 училишта пријавија случаи на коронавирус

Од:

Само неколку дена по отворањето, во речиси 50 училишта во канадската провинција Квебек беа пријавени случаи на Ковид-19, а четири дена подоцна тројно се зголеми бројот на училишта во кои се регистрирани заразени со коронавирусот.

Според канадскиот весник Ла Прес, вкупно 120 училишта пријавиле случаи на Ковид-19.

Од овој број, случаите пријавени во 50 училишта се проверуваат, бидејќи информациите „не биле пренесени во согласност со утврдените правила“.

Сепак, 70 основни и средни училишта низ провинцијата имаат барем еден потврден случај на коронавирус.

Бројот на заразени расте низ цела Канада.

Главната канадска лекарка за јавно здравје, Тереза Там, вели дека бавното, но постојано зголемување на бројот на луѓе кои имаат позитивен тест за Ковид-19 е причина за загриженост.

Вкупно, 3.955 луѓе биле позитивни на тестот ширум Канада во изминатата недела, а 28 лица починале од последици на Ковид-19.

Ако се спореди со 3.044 позитивни тестови и 44 смртни случаи од претходната недела, се забележува зголемување од 25 проценти на нови случаи за само една недела.

Би можело да ве интересира

Девојка изгорела во индустриска печка во Волмарт, нејзиното тело го пронашла нејзината мајка

Канада ги повлекува децата на своите дипломати од Израел

Горан Наумовски

Канада ја прогласи Иранската револуционерна гарда како терористичка организација

Пукање во Торонто, тројца мртви, меѓу нив e и убиецот

Канаѓаните се предупредени: Не користете TikTok

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Четворица загинати предизвикана од ограбувач на банка во Торонто