САД: Кина се плаши од независни медиуми, дополнително ќе се ограничува пристапот на странски новинари

Од:

САД денеска ја обвини Кина дека „се плаши“ од независни медиуми, откако Пекинг информираше дека дополнително ќе го ограничи пристапот на странски новинари.

„Предложените мерки ќе го влошат новинарството во Кина, која веќе страда од недоволно отворени и независни медиуми“, напиша портпаролката на Стејт департментот Морган Ортагус на Твитер.

Таа рече дека САД со години се обидува да ја убеди Кина да им дозволи на американските новинари да се вратат во земјата, да овозможи слобода на американските новинари да продолжат да работат нормално и да престане да ги заплашува и малтретира странските новинари.

„И покрај тоа, кинеското Министерство за надворешни работи нè информираше дека има намера дополнително да го ограничи пристапот за странски новинари“ кои работат таму, рече таа.

Таа праша зошто Комунистичката партија на Кина се „плаши од независни и истражувачки медиуми“, кои, како што рече, „ги подобрија и продлабочија сознанијата на светот за реалноста во Кина“.

Пекинг предупреди денеска дека странските новинари треба да го „почитуваат законот“ за да работат во Кина.

Пекинг го издаде предупредувањето откако синоќа двајца австралиски новинари избегаа од Кина, стравувајќи дека ќе бидат уапсени „од причини во врска со национална безбедност“.

Оваа година кинеските власти протераа американски новинари од најголемите весници, а САД, пак, го зајакнаа надзорот над работата на дописниците на кинеските државни медиуми на своја територија, сметајќи ги за „органи на пропаганда“.

Би можело да ве интересира

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина: Студент со нож убил најмалку осум лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Со автомобил влетал во толпа луѓе: 35 загинале, 43 се повредени

Суперсилите ги здружија силите: Кина и Русија договорија заедничко делување за стратешки прашања