Пратеникот Арбен Зибери пренесен на Инфективната клиника поради Ковид-19

Од:

Поранешниот директор на Центарот за јавно здравје-Скопје, Арбен Зибери, актуелен пратеник од ДУИ, денеска бил пренесен на Клиниката за инфективни болести поради влошување на здравствената состојба со коронавирусот.

Од Клиниката за „А1он“ потврдуваат дека Зибери е пренесен кај нив и велат дека неговата состојба е стабилна.

Позитивниот резултат на Ковид-19, Зибери го доби на 30 август кога пратениците во Собранието гласаа за изборот на новата Влада, па тој гласаше од изолирана просторија во Собранието.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Дали е точно дека лица со Ковид на кои им е потребен респиратор не се примаат на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Разрешена директорката на Клиниката за инфективни болести, Милена Стевановиќ, на нејзино место назначен Фадил Цана

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Обезбеден лекот за конго-кримска хеморагична треска, болничарката е во стабилна состојба