Рекорд во Црна Гора: 216 новозаразени со коронавирус

Од:

Институтот за јавно здравје на Црна Гора соопшти дека во земјата биле регистрирани 216 новозаразени лица, а високи 25.7 отсто од тестираните биле позитивни.

Најмногу новозаразени има во главниот град Подгорица – 73, додека во другите градови се забележани во Никшиќ -43, Беране -40, Бјело Поље -22, Рожаје -13,  Плевља -8, Будва -4, Мојковац и Херцег Нови по три и во градовите  Андријевица, Гусиње и Тиват има по еден новозаразен.

Во последните 24 часа во земјата се евидентирани три смртни случаи, а 40 лица закрепнале од болеста.

Вкупниот број на активни случаи во Црна Гора во моментов изнесува 1.451, додека вкупниот број на регистрирани случаи со Ковид-19 досега е 5.875.

Би можело да ве интересира

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

Двајца бугарски државјани уапсени во Црна Гора за обид за убиство

Горан Наумовски

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Младите Македонци и Црногорци најдоцна се осамостојуваат од своите родители

Горан Наумовски

Со нож нападнал невропсихијатар во Црна Гора затоа што не му издал дозвола за оружје

Силно невреме ја погоди Црна Гора: Поплавен е дел од Јадранската магистрала