Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска се сретна со сирискиот претседател Башар Асад веднаш по пристигнувањето во неговата прва посета на Сирија од 2012 година.
Посетата на Лавров следува во услови на тешка економска криза во Сирија и големи предизвици за земјата во справувањето со пандемијата на коронавирусот.
Сирискиот провладин весник „Ал-Ватан“ пишува дека високата руска делегација предводена од вицепремиерот Јуриј Борисов пристигнала вчера во Сирија, и оти за денеска подоцна се очекува заедничка прес-конференција на Лавров и сирискиот министер за надворешни работи Валид Моалем.
Весникот ја цитира изјавата на рускиот амбасадор во Сирија, Ријад Хадад, кој рече дека посетата на руската делегација е „од особено значење, со оглед на политичките и економските теми за кои ќе се разговара“. ј