Владата не рушеше пред Мавровка, туку асистираше на Општина Чаир, вели премиерот

Од:

Владата не рушеше пред Мавровка, туку асистираше на Општина Чаир која рушеше, поради тоа што не успеваа постапките за избор на изведувач, ние понудивме да асистираме, изјави денеска премиерот Зоран Заев, прашан дали Владата ќе продолжи со уривањето на дивоградбите.

Тој посочи дека станува збор за проблем што општината Чаир месец-два не можела да најде изведувач и дека очекува сите останатите случаи да продолжат.

– За сите други општини, очекувам постапките да продолжат и општините сами да постапат. Се знае кога државата може да им помогне на општините. Тогаш кога ќе видиме дека направиле се во нивна надлежност и немаат можност да го направат тоа, изјави Заев.

Би можело да ве интересира

Скандалозно: Според Тошковски дивоградбите ќе се уриваат само ако се опасни по живот

По докази за дивоградби, полицијата влегла во општините Чаир, Сарај, Аеродром и Кисела Вода

Филипче бара расчистување на случајот со нападот врз Арсовска и казнување на сторителите

ДОМ за нападот врз Арсовска: Насилството и дивоградбите не смеат да ја урнат демократијата

Зелен хуман град: Зошто постои МВР?

Арсовска го објави напаѓачот: Структури во МВР прават се да го заштитат и да го заташкаат случајот