ВИДЕО: Мицкоски повика на протест во среда

Од:

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повика на протест против покачувањето на цената на струјата, на 9 септември од пред Министерството за правда до Регулаторната комисија за енергетика.

Прес-конференција, 07.09.2020

Прес-конференција, 07.09.2020

Posted by Hristijan Mickoski on Понеделник, 07 септември 2020

„Мораме да се спротивставиме на оваа мафија со протести, да протестираме за секоја тема која ги мачи граѓаните. Ова е отворен повик да се обединиме и да ја заштитиме државата и граѓаните“, рече Мицкоски.

Мицкоски на денешната прес конференција рече дека Македонија во моментов го има најлошиот пад на бруто домашниот производ.

„Да нема изговор од Владата и мафијата на Заев дека пари во буџетот нема. Пари има, ама тие не одат кај народот. Пари има затоа што потрошија 1 милијарда евра на поткуп, трошат над 8 милиони евра за возила, трошат за колачи и тендери за вафли додека народот живее на вересија. Им пропадна банка од 200 милиони евра и око не им трепнува“, рече Мицкоски.

Според него, народот го чекаат уште потешки времиња во месеците кои доаѓаат.

Би можело да ве интересира

Средба меѓу Муцунски и Петрова ќе има, не е јасно во каков формат

Мицкоски: ЕУ препозна дека некои земји го злоупотребуваат ветото, Македонија има големи шанси со постепената интеграција

Пензискиот систем е стабиелн, нема да има промени, вели Мицкоски

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

Локалните жители ја блокираа депонијата Краста: Шест месеци сме го голгота

ВИДЕО: Мицкоски очекува „коњопој средба“ во Софија