Адетокунбо сакаше да се врати во игра и покрај повредата

Од:

Напаѓачот на Милвоки, Јанис Адетокунбо, сакаше да се врати во игра на четвртиот натпревар против Мајами откако се здоби со истегнување на десниот скочен зглоб. Медицинскиот персонал на тимот тоа не го дозволи, информира „ЕСПН“.

Лидерот на Бакс го напушти теренот на почетокот на втората четвртина, влошувајќи ја повредата што ја заработи на третиот натпревар.

Тренерот на Милвоки, Мајк Буденхолцер по мечот призна дека е против враќањето на Адетокунбо во ваква состојба. Актуелниот МВП ја напушти арената облечен во заштитна чизма на десната нога.

Бакс го победи Мајами по продолженија и намали на 1-3 во победи. Учеството на лидерот на Бакс на петтиот натпревар е неизвесно.

Би можело да ве интересира

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он