Директорот на бирото за јавна безбедност (БЈБ), Љупчо Тодоровски, за МИА потврди дека од денеска е во пензија.
Тодоровски, информира дека најверојатно својата кариера ќе ја продолжи како професор на некои од фактултетите на катедра за криминалистика.
Се уште не е потврдено кој ќе ја наследи позицијата директор на БЈБ, но како што објавија повеќе медиуми, досегашниот прв човек на Централните полициски сили (ЦПС), Митко Чавков, како предлог поминал на владина седница.