Јенс Шпан: „Затворањето“ беше драстично, но граѓаните научија како можеме да се заштитиме

Од:

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан (ЦДУ) изјави дека според досегашните информации, нема да се затворат фризерските салони и со тоа почна дискусија во медиумите и на социјалните мрежи.

Шпан додаде дека малку се знаело за вирусот во март, и затоа биле донесени драстични одлуки. Со други зборови, според денешните информации, „заклучувањето“ не било потребно во толку строга форма, јави Дојче веле.

Според германските медиуми, изјавата на министерот значи дека нема да има повеќе затворање во Германија, дури и ако бројот на заразени нагло се зголеми наесен.

Шпан исто така ја отфрли можноста за повторно воведување целосна забрана за посета на домови за стари лица.

– Граѓаните научија како можеме да се заштитиме дури и без воведување на тие мерки, рече министерот.

Тој посочи дека за заштита, пред се, неопходни се маски, но и одржување на дистанца и придржување кон хигиенски мерки.

Шпан ги повика Германците да го поминат есенскиот и зимскиот распуст во Германија, бидејќи, како што рече, се покажало дека „одредени начини на патување и одмор носат ризици и инфекции во државата“.

Би можело да ве интересира

Германија e погодена од неверојатни поскапувања

Германските власти нудат парична награда за информации за трикратниот убиец од Кобленц

Авион падна во фабрички комплекс, има загинати

Мерц: Украина не треба да влезе во НАТО или во ЕУ додека е во војна со Русија

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Оружјето што Германија го испраќа во Украина често се расипува