ФОТО: Уништен билборд за поддршка на ЛГБТ во Тетово

Од:

Само 24 часа откако во Тетово беа поставени билборди за поддршка на ЛГБТ заедницата на албански јазик, некој ноќта оштетил еден билборд, па сега од натписот „Лесно е да мразиш, храбро е да љубиш“, од билбордот остана само „Лесно е да мразиш“, јави Радио МОФ.

Граѓанската иницијатива за правата на ЛГБТ која ја спроведува Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ во партнерство со ЛГБТ Јунајтед, започна кампања за правата на лезбејките, геј мажите, бисексуалците и трансродните лица во Тетово и Битола.Активистката Ирена Цветковиќ, која е дел од Коалицијата за Радио МОФ вели дека билбордите се дел од кампањата која ќе трае овој месец во овие два града.

– Целта на кампањата е промоција на правата на ЛГБТ, промоција на принципот на антидискриминација, еднакви можности и заштита од говор на омраза на ЛГБТ. Идејата зад целата иницијатива е покренување на овие прашања на локално ниво и претставува еден скромен обид за формирање и мобилизирање на ЛГБТ активизам надвор од Скопје, односно ширум републиката – вели Цветковиќ.

Неодамна активистите на двете организации беа нападнати додека спроведуваа јавни активности во Битола, по што инцидентот беше пријавен во полиција. Нападот се случи додека лепеа постери со промотивна содржина за човековите права во рамките на проектот „Граѓанска иницијатива за ЛГБТ права“ и прошетаа низ „Широк Сокак“ со знаме во боите на виножитото.

Фото: Радио МОФ

Би можело да ве интересира

Условна казна за скопјанец кој нападна припадник на ЛГБТ заедницата

„Парадата на гордоста“ ги преплави белградските улици

Предраг Петровиќ

Светска банка: Економското вклучување на ЛГБТИ луѓето ќе го зголеми БДП на Северна Македонија и Србија

ВИДЕО: Над 2.000 луѓе во Грузија нападнаа ЛГБТ поворка

Предраг Петровиќ

Епископот Јаков со одговор до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Предраг Петровиќ

Костадин Костадинов влезе во војна со ЛГБТ организациите: Струмица излепена со „пречкртано виножито“

A1on