Двајца припадници на француската армија загинаа во Мали при експлозија на импровизирана експлозивна направа која им го уништила оклопното возило, соопштија француските власти.
Според соопштението, еден војник е повреден во регионот на Тесалит во северен Мали.
Овие војници се дел од француската воена операција во Мали против исламските борци.