Конте: Немам зборови, кој ја негира пандемијата нека ги погледне бројките

Од:

Италијанскиот премиер Џузепе Конте рече дека „нема зборови“ за луѓето кои го негираат постоењето на коронавирусот и порача да ги погледнат бројките.

Во врска со најавите за митинзи на противниците на вакцината за коронавирус и луѓето кои ја негираат пандемијата, Конте се обрати „на оние што се собираат во Рим и кои мислат дека пандемијата не постои“ и одговори со бројки: „Повеќе од 274.000 заразени и околу 35,000 мртви. Точка”.

Бројот на заразени лица на дневна основа, кој се намали на почетокот на летото и беше под 200, во петокот надмина 1.700, што е најголемо зголемување на дневно ниво од почетокот на мај,

Повеќето од новозаразените се луѓе кои се враќаат од годишен одмор, претежно млади, а Конте рече дека Владата ќе интервенира доколку работите се влошат.

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски