Судијката што го ослободи шоферот кој усмрти човек и бебе е истата што не му го одзеде пасошот на Мијалков

Од:

Судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ која досуди условна казна за шоферот кој усмрти човек и неродено бебе, својата популарност ја стекна во времето на владеењето на Никола Груевски, кога во јавноста важеше за една од „Сваровски“ судијките.

Таа во јавноста стана позната кога го одби барањето на СЈО за одземање на пасошот на поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков.

За неа се велеше дека е Сваровски судијка која му прави сопки на Специјалното јавно обвинителство.

Во 2017 година, СЈО поднесе претставка до Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување на одговорност за судија, која се однесуваше на Елена Илиевска Јосифовиќ.

Од СЈО тогаш бараа да се испита нејзината работа од аспект на нестручното и несовесно вршење на судиската функција.

Освен тоа, работата на СЈО беше отежната поради нејзиното одбивање на барањата за претрес на функционери.

„Сваровски“ судиите го добија својот прекар откако во еден од објавените телефонски разговори, беше споменато меѓусебното дарување со популарните кристали меѓу судијките за стекнување на меѓусебни симпатии и влијание во одлучувањето.

Илиевска Јосифовиќ овој пат ја шокираше јавноста откако досуди условна казна за шоферот кој предизвика сообраќајна несрееќа во која настрадаа 32-годишниот Димитриевски и плодот на неговата бремена сопруга.

Јавноста за пресудата дозна откако сопругата на загинатиот објави на социјалните мрежи.

Би можело да ве интересира

Кривичен го одобри обвинението за директорите на Онкологија – Васев и Нухи, го оштетија државниот буџет за 36 милиони евра

А1он

Кривичниот суд ја осуди Де Јесус Невес Марлиене, државјанка на Бразил на казна затвор од 5,6 години за посредување во проституција

Вреди: Функционери на ДУИ се обидоа по секоја цена да го вратат Никола Груевски на власт и да го ослободат Сашо Мијалков

Во Кривичен пристигна целиот предмет за трагедијата во Кочани

Горан Наумовски

Кривичен одлучи: Се одобрува обвинението за аферата „Онкологија“

Горан Наумовски

Јахоски бил во Истанбул со времен пасош, утрово се пријавил во Кривичен суд