(ВИДЕО) Јанчева: Локалната и градската власт интензивно инвестираат во инфраструктурата во општина Аеродром

Од:

„Единиците на локалната самоуправа на Град Скопје и Општина Аеродром, предводени од СДСМ и коалицијата во континуитет инвестираат во унапредување на сообраќајната инфраструктура во нашата општина.

Во тек е реконструкција на булеварот Видое Смилевски Бато во Ново Лисиче, на потегот од крстосницата со бул. Февруарски поход до крстосницата со булевар Србија“, вели Љубица Јанчева, претседателка на ОО СДСМ Аеродром.

„Предвидена е целосна реконструкција на коловозот во двата правци со замена на оштетените рабници и нивелација на постојните шахти и сливници во должина на трасата од 700 метри. Се работи за проект вреден околу 27,3 милиони денари со рок за изведба од 40 календарски денови.

Интензивно се работи и на изградбата на мост преку Вардар кој ќе ја поврзува нашата општина со општините Центар и Гази Баба како модерно булеварско решение со 6 коловозни ленти, пешачки и велосипедски патеки од двете страни и ново булеварско зеленило.

Минатата година целосно беше реконструиран бул. Февруарски поход, а ја завршивме и изградбата на бул. АСНОМ на потегот од крстосницата со бул. Србија до крстосницата со ул. Васко Карангелески.

Преку Општина Аеродром изградивме и реконструиравме голем број улици во сите делови на општината: нови краци на улицата „Пандил Шишков“, нова улица со јавно паркиралиште покрај улицата „Фрањо Клуз“, нова улица „Новопроектирана 3“ кај висококатниците, повеќе краци на улицата „Венијамин Мачуковски“ во Мичурин, улиците „Тодор Чангов 20“,„Тодор Чангов 41“и „Ѓорги Капчев 9“, „Божин Николов – Силни“ во Горно Лисиче и улица „20“ во Долно Лисиче“, информира Љубица Јанчева, претседателка на ОО СДСМ Аеродром.

„СДСМ и на локално и на централно ниво продолжува со инвестиции во изградба на нова и реконструкција на постоечката патна инфраструктура.

Посветено работиме на проекти важни за граѓаните. Во следниот период инвестираме уште повеќе во Аеродром за да биде уште подобро за нашите сограѓани.

Градиме по план и инвестираме во иднината на граѓаните“, изјави Љубица Јанчева, претседателка на ОО СДСМ Аеродром.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нема поголема минимална плата, доаѓаат „економски работници“

А1он

(ВИДЕО) Фрчкоски до ДПМНЕ: АКТ ви дише во врат, ќе ја ослободиме Македонија од вашиот криминал!

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место

СДСМ: ЕУ ја суспендирала ИПАРД 3 програмата поради корупцијата на ДПМНЕ

Горан Наумовски

СДСМ: САД најавуваат закон за санкции за Вучиќ во Србија, дали Мицкоски мирно спие?

Горан Наумовски