Вооружени припадници на нигерискиот култ Омбатсе убија 46 полицијаци, во градот Лафија.
Полицијаците биле пратени во селото Елакјо за да уапсат лидери и свештеници на движењето Омбатсе, бидејќи добиле пријави дека тие оделе по цркви и џамии и насилно од луѓето барале да се приклучат во нивниот култ.
Во Омбатисе, што во превод значи „дојде време“, припадниците се од најголемите етнички групи од државата. Тие себе си се опишуваат како движење кои што има цел луѓето да ги заштити од алкохолот и прељубата.
Елена Георгиевска