Еколошки организации бараат Ана Петровска да остане државен секретар во Министерството за животна средина

Од:

Еколошките организации бараат Ана Петровска да остане државен секретар во Министерството за животна средина. Според нив Петровска е пример за државен функционер со интегритет и професионализам. Тие бараат од премиерот Зоран Заев да ја задржи Петровска на функцијата државен секретар во Министерството, зошто, како што велат нејзината замена ја гледаат како чекор назад.

„Петровска е неуморен професионалец со големо искуство и знаење од областа на заштита на животната средина. Како еколошки граѓански организации кои долги години работат во секторот животна средина уверуваме дека Ана Петровска е докажан експерт во својата област која покажа дека можни се промени и подобрувања. Информациите за потенцијалната нејзина промена од позицијата, како активисти не’ вознемири и не’ запраша зошто успешниот кадар би се менувал, наместо да биде награден.

Честопати изложувана на ризик и непријатност, демонстрираше интегритет и достоинство во критични ситуации. Нејзината замена ја гледаме како чекор назад за многу здрави процеси, кои почнаа да се одвиваат во Министерството по нејзина заслуга.

Апелираме Ана Петровска да остане на позицијата државен секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање.

Искрено се надеваме дека ќе го прифатите нашиот апел и ќе ги препознаете вистинските професионалци во државните институции и ќе ги поставите на вистинските места, како што беше државниот секретар на МЖСПП во изминатиот мандат“, велат од еколошките организации:

•ДЕМ- Движење на екологистите на Македонија
•Здружение „Гоу Грин“- Скопје
•Асоцијација Ајде Македонија- Скопје
•Еколошко здружение „Здрава Котлина“ – Струмица
•Еколошко здружение „Еко Долина“ – Ново Село
•Граѓанска иницијатива „Скопје бара чист воздух
•Здружение Извиднички Поречански Одред Крсте Јон- Струга
•ЕД Еко-Рурал Пелистер с.Дихово Битола
•ЕД Сапунчица с.Дихово Битола
•ЗЗУЖС Еко-живот, Кавадарци
•Центар за ресурси во животната средина (РЕЦ)- Северна Македонија

Би можело да ве интересира

Еко-манипулација: Новите рудници ќе работат под еколошки стандарди и се ќе биде чисто, зелено и еколошки

Предраг Петровиќ

Едукативна кампања на Центарот за одржлив развој „Алка“ за зачувување на животната средина

A1on

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

A1on

Шукова: Граѓаните да користат суво дрво, 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата

A1on

Чебрен пропадна: Грчката компанија не можела да подигне кредит од банка за да гради

A1on

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

A1on