Србите од северот на Косово кои што се против договорот со Приштина, утре ќе организираат митинг во центарот на Белград, насловен „Остануваме во Србија“.
Пратеникот на Демократската партија на Србија и еден од лидерите на Србите од северот на Косово, Марко Јакшиќ денес соопшти дека митингот ќе се одржи на плоштадот Република во 12:44 часот што ја симболизира Резолузијата 1244 на Советот за безбедност при ОН за Косово.
Тој нагласи дека на собирот во Белград ќе дојде поголем број на Срби од Косово.
-На митингот нема да зборува никој претседател на политичките партии, ќе се обратат јавни личности од Србија, кои ќе зборуваат за оваа измама која што се случи во Косово-изјави Јакшиќ.
Според неговите зборови, Белград сигурно ќе се согласи за планот за примена на договорот, иако два пати го одби она што во Белград беше понудено.
-Повторно наводно Белград ќе се бори и пак ќе биде како што ќе каже Приштина-додаде тој.
Елена Георгиевска