ФОТО: Подигнување на стартните пакети за Скопскиот маратон

Од:

Под покровителство на Град Скопје во недела на 12 мај традиционално по деветти пат ќе се одржи Скопскиот Маратон.

Организаторите очекуваат рекорден број натпреварувачи, од 36 држави пријавени се околу 4.900 за четирите трки.

Почетокот на трките в недела е во 9 часот кај „Рекорд“. Како и секоја година ќе се трчаат четири трки, како главни се издвојуваат Маратонот со 200 атлетичари кои ќе се натпреваруваат на 42км и Полумаратонот со 600 учесници на 21км.

maraton-prijavuvanje1

На Хуманитарната трка се пријавени 3.500 рекреативци кои ќе трчаат 5км и на Мини Маратонот во кој ќе трчаат 600 деца.

Целта на сите трки е на Плоштадот Македонија.

Подигањето на стартните пакети ќе биде од денеска до 11 мај од двокатен панорамски автобус на плоштадот Македонија.

Би можело да ве интересира

Во Крушево маратонците и обожавателите одбележаа 17 години без Тоше Проески

Падна олимпискиот рекорд во маратонот во Париз

Горан Наумовски

Загина светскиот рекордер Келвин Киптум

Кениецот Едвин Кипту е победник на маратонот во Атина

Шанкуле победничка на мундијалскиот маратон во Будимпешта

(ВИДЕО) Невидена грешка и остана без 7000 долари: Наместо на целта, тргна кон полицијата

Предраг Петровиќ