Во најголемото изненадување досега во годинешниот НБА-плејоф, екипата на Мајами Хит води со 3:0 против мајдобриот тим на Истокот, Милвоки Бакс, по ноќешната сигурна победа во „балонот“ во Орландо.
Мајами славеше со 115:100 во третиот натпревар од конференциското финале, повторно покажувајќи цврстина во одбраната и тимска игра со одличен шут во нападот. Најдобар во редовите на победникот и ноќеска беше Џими Батлер со 30 поени, додека кај Милвоки, актуелниот МВП на лигата, Гркот Јанис Адетокумбо, беше на чекор до трипл-дабл, но не му одеше шутот, што го чинеше неговиот тим.
Пресуди подобрата тимска игра на Мајами, а покрај капитенот Батлер, уште четворица играчи имаа над 15 поени. Милвоки, кој сезоната ја заврши како првопласиран тим на Истокот со скор 57-16, е исправен пред речиси невозможна задача за да стигне до финалето на конференцијата.