А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Прилепчанец осомничен дека одгледувал канабис во дворот на својата викендичка

by А1он04/09/2020 - 14:3805/09/2020 - 07:51700
Share0

Триесетдневен притвор за 52-годишен прилепчанец осомничен дека неовластено одгледувал канабис во дворот на својата викендичка.

Добивај вести на вибер

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице на возраст од 52 години, за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Постои основано сомнение дека осомничениот неовластено произведувал наркотична дрога – марихуана, велат од Јавното обвинителство – Прилеп.

На неговата парцела во местото наречено Кишовица, во близина на Прилеп, тој засадил растенија од видот канабис, за кои секојдневно се грижел и ги одгледувал, наведнувајќи ги стеблата.

Откако пораснале, осомничениот ги собирал, ги сушел и ги ситнел деловите од растението. При извршениот претрес на 2 септември, во викенд куќата на истата парцела, полициските службеници пронашле три искорнати стебла и четири гранки од растението канабис кои се сушеле, како и 21,99 грама наркотична дрога марихуана во различни пакувања.

Од ЈО Прилеп информираат дека во дворното место на викенд куќата од левата страна биле пронајдени три саксии со стебла од канабис, покрај оградниот ѕид уште три средно развиени стебла, покрај ѕидот од вињарникот 14 добро развиени стебла од растението, зад оградата од задниот ѕид на викендичката 26 добро развиени стебла, а од десната надворешна страна на викенд куќата покрај оградата биле пронајдени уште 10 добро развиени стебла.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Прилеп поднесе предлог за определување мерка притвор поради опасност од бегство, можност осомничениот да влијае врз сведоците и да се обиде да ги прикрие доказите, како и можност тој да го повтори кривичното дело. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

drogamarihuana

Би можело да ве интересира

Приведени двајца малолетници во Неготино, проголтале бела грутчеста материја кога наишла полиција

Предраг Петровиќ11/04/2026 - 14:29

Лишени од слобода седум лица, сузбиена организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога

Предраг Петровиќ07/04/2026 - 20:07

Двајца шверцуваа 65 килограми марихуана, ОЈО бара притвор само за еден од нив

Горан Наумовски05/04/2026 - 10:5706/04/2026 - 17:30

(ВИДЕО) Спречен е транспорт на дрога во близина на Градско, уапсени се две лица

Горан Наумовски04/04/2026 - 18:32

Алиу: Продолжува контролата – уште три лиценци за марихуана ќе бидат одземени

Горан Наумовски06/03/2026 - 14:00

Тошковски: Сите инволвирани во шверцот на марихуана во Србија ќе одговараат

Горан Наумовски03/03/2026 - 14:56
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто