Поинтензивна соработка во одбраната, внатрешните работи и економијата, најавија Џафери и Томан

Од:

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска во неговиот кабинет го прими амбасадорот на Република Чешка во Република Северна Македонија Мирослав Томан.

На средбата, како што соопшти собраниската прес-служба, Џафери изрази благодарност за континуираната поддршка што нашата земја ја добива од Република Чешка за евроатланските и европските интеграции. Тој исто така го информираше амбасадорот Томан за очекуваното ангажирање на новата Влада на Република Северна Македонија во однос на пандемијата и мерките за зачувување на здравјето на граѓаните, за економските мерки за поддршка на населението и подготовката на стратегијата за започнување на преговорите за членство со Европската Унија, како три главни приоритети на дејствување.

Амбасадорот Томан, како што се наведува во соопштението, му честиташе на Џафери за успешно спроведените парламентарни избори, за формирањето на институциите и за неговиот реизбор на функцијата претседател на законодавниот дом. Тој истакна дека и во иднина Вишеградската група ќе биде меѓу најгласните поддржувачи на аспирациите на земјите од Западен Балкан за добивање на членство во Европската Унија. Најави поинтензивна соработка во областа на одбраната, внатрешните работи, како и економијата.

Џафери и Томан, како што соопшти собраниската служба, на крај на средбата оценија дека двете земји ќе продолжат со плодната соработка како и досега.

Би можело да ве интересира

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање

Не е точно дека пратениците имаат приватно здравствено осигурување, реагира Собранието