Франција денес чествува 150 години од прогласувањето на Републиката

Од:

Шефот на фрацуската држава Емануел Макрон денеска организира церемонија во Пантеон за одбележување на 150-годишнината од прогласувањето на Третата Република, на 4 септември 1870 година, јави дописникот на МИА.

Пред 150 години, Леон Гамбета ја прогласи Републиката (трета по ред) од градското собрание на Париз, два дена по поразот на Наполеон III кај Седан. Оттогаш, овој датум, 4 септември 1870 година се слави малку, а се помалку под Петтата република. Де Гол го одбележа тоа во 1958 година на плоштадот на Републиката, искористувајќи ја можноста да го претстави својот Устав, а потоа Помпиду ја славеше стогодишнината во 1970 година, во градското собрание.

За 150-годишнината од основањето на Републиката, Емануел Макрон го избра Пантеон, каде ќе одржи „борбен говор“ за да ги брани „републичките вредности“, пред да претседава со церемонијата за натурализација на пет лица.

-Тоа е неправедно заборавен датум што претседателот одлучи да го одбележи, објаснува Елисејската палата. Но, преку историјата, шефот на француската држава пред се има намера да испрати неколку политички пораки.

-Претседателот смета дека денеска, со оглед на дебатите што го возбудуваат нашето општество, има императивна потреба да се врати овој датум во центарот на вниманието и да се слави Републиката, објаснува неговото опкружување.

Затоа, тој ќе зборува за „републиканските принципи, слобода, еднаквост и братство“, но, исто така, и за „секуларизмот и слободата на мислење“ и да ги осуди „опскурантите сили“ и „самозатворањето во етничките, религиозни и други заедници“.

После дебатите за отстранување на одредени статуи, Емануел Макрон „многу ќе инсистира на фактот дека историјата на Франција е блок што не може да се подели“, се вели од Елисејската палата.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата