Итен состанок на НАТО, тема – труењето на Навални

Од:

Повикан е итен состанок на лидерите на членките на НАТО. Темата на состанокот е труењето на најжестокиот критичар на Владимир Путин, Алексеј Навални.

Состанокот е повикан откако поголемиот дел од европските лидери се заканија дека ќе воведат нови санкции кон Москва, која упорно одбива дека има врска со труењето на Навални, кој и понатаму е во кома во германска болница.

Лидерите на западните земји подолго време бараат конкретен одговор од Кремљ на тврдењата и доказите на германските доктори кои соопштија дека од крвта на Навални е изолиран нервниот агенс – новичок, во светот познат по случајот на труење на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипаљ и неговата ќерка во Британија.

И во тој случај официјална Москва отфрли било каква врска со труењето.

Итниот состанок на лидерите на земјите на НАТО ќе започне, како што наведуваат странските агенции, со краток брифинг на германските доктори, во 12 и 30 часот по бриселско време, а по состанокот на медиумите ќе им се обрати генералниот секретар, Јенс Столтенберг.

Би можело да ве интересира

Инвестирајте повеќе во одбрана или почнете да учите руски, порача шефот на НАТО

Шекеринска: Во овој понестабилен и поопасен свет, демократиите мора да преземат акција

А1он

ВИДЕО: Италијански Ф-35 и руски Сухој на работ на инцидент над Балтичкото Море

Ројтерс: НАТО нема да го исполни предлогот на Трамп за зголемување на трошоците за одбрана

НАТО бара детална истрагата за падот на авионот на „Азербејџан ерлајнс“

Путин: Не туркаат кон црвената линија, ќе мора да одговориме