Хоти од Вашингтон: Нема да разговараме за други теми освен за признавање на Косово

Од:

Косовскиот премиер Авдулах Хоти изјави дека делегацијата што тој ја предводи во Вашингтон ќе разговара само за едно прашање, а тоа е признавањето на независноста на Косово.

„Нема да разговараме за други теми, освен за признавањето“, рече Авдулах Хоти во краткиот пренос од Вашингтон што беше емитуван од телевизијата Клан.

„Прашањето за промена на границите не е поставено и нема ни да биде“, додава тој.

Косовскиот премиер ја нарече преговарачката делегација на Србија „итра“, бидејќи како што кажа тој, „таа престојувала во хотел близу Белата куќа“.

„Не знаеме дали хотелот е во сопственост на Трамп, но беше коментирано дека тоа е еден вид на тактика од страна на Србија со цел да придобијат симпатии од американскиот претседател“, изјави Хоти.

Српската страна тврди дека косовската делегација присуствува на состанокот во Белата куќа само за да издејствува признавање на Косово и дека нема никаков интерес за другите точки кои предвидуваат нормализирање на економската ситуација и целокупен напредок на регионот.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово