Белорускиот премиер ќе ја тестира врз себе руската вакцина против Ковид-19

Од:

Премиерот на Белорусија Роман Головченко изјави дека одлучил да ја тестира руската вакцина против Ковид-19 на себе.

За таа одлука на Головченко, претседателот на Белорусија Александар Лукашенко денеска го извести рускиот премиер Михаил Мишустин за време на нивната средба, јави агенцијата БелТА.

Двајцата државници разговараа за заедничките напори во борбата против коронавирусот, а Лукашенко потсети дека Белорусија ќе биде првата земја што ќе ја добие руската вакцина за коронавирус.

– Се радувам што Роман Головченко денеска одлучи да се вакцинира. Сигурен сум дека сè ќе биде добро, рече Мишустин.

Покрај тоа, Белорусија ќе се приклучи на последната фаза на дополнително испитување на руската вакцина. Граѓаните ќе можат доброволно да учествуваат во третата фаза клинички испитувања, јави агенцијата ТАСС.

На 11 август, Русија стана првата земја што регистрира вакцина против коронавирус, наречена „Спутник В“. Вакцината, развиена од Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, беше подложена на клинички испитувања во јуни и јули. Вакцината е заснована на платформа што се користела за добивање на некои други вакцини.

Би можело да ве интересира

Од Северна Кореја во Русија пристигнаа 4.000.000 артилериски гранати

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Одмазда за масакрот во Суми: Украина ја уништи руската ракетна бригада во регионот Курск

Фондациите на Елтон Џон се додадени на листата на непожелни организации во Русија

Мајка со секира си ги уби трите деца

А1он

ФСБ уапси молдавски државјанин кој планирал бомбашки напади во Русија