Иако во Македонија се соочуваме со пеколни температури, сепак Земјата денеска беше на најголемата далечина од Сонцете за оваа година.
Повеќе од 152 милиони километри е растојаните помеѓу овие две тела, што е 2,4 милиони километри подолго од вообичаеното.
Тие најблиску беа пак во јануари, кога растојанието беше околу 148 милиони километри.
Можеби ни се чини дека со оглед на топлината што ја чувстуваме Сонцето ни е пред нос, сепак температурата не зависи од близината, туку од аголот под кој сончевите зраци паѓаат на Земјата.