Османи-Брнз: Продлабочување на стратешкото партнерство меѓу САД и С. Македонија

Од:

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска имаше средба со амбасадорката на САД Кејт Мари Брнз.

-Остануваме посветени на продлабочување на стратешкото партнерство меѓу САД и Северна Македонија, како еден од главните приоритети на нашата надворешна политика, сега веќе проширено и со партнерството во северноатлантската алијанса, изјави Османи, упатувајќи притоа искрена благодарност за континуираната и цврста поддршка од страна на САД за остварување на евроатлантските цели на нашата држава.

Министерот Османи се осврна на успешно спроведените фер и демократски избори, укажувајќи дека Владата од првиот ден ќе продолжи со реформските процеси и со остварувањето на зацртаните приоритети.

-Членството во НАТО, не само што е валоризација на претходно оствареното, туку е и силен поттик за натамошна длабинска трансформација на општеството, во пресрет на почетокот на преговорите со Европската Унија, истакна Османи, посочувајќи ја земјава како силен и искрен партнер на САД во регионот.

Амбасадорката Брнз му го честиташе на министерот Османи преземањето на новата должност и му посака успех во работата, реафирмирајќи ја притоа силната поддршка на американската влада за продолжување на нашата реформска агенда посочувајќи и на стратегиското партнерство меѓу двете земји, дополнително зацврстено и преку сојузништвото во рамките на НАТО Алијансата.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија