Пријавени повеќе од 4.200 учесници за маратонот во недела во Скопје

Од:

Скопскиот маратон оваа година ќе ги собори бројките по бројот на пријавени учесници. На пет дена до стартот на маратонот (12. мај) пријавени се: 170 маратонци, 600 полумаратонци и 2.900 учесници на трката на 5 километри, како и 600 ученици од основните училишта кои ќе трчаат на детската Colgate трка (500 метри).

Вкупната бројка на пријавени досега е околу 4.270 учесници, а пријавувањето е отворено уште два дена (денеска и утре) до 8.мај и секој заинтересиран може да се пријави преку интернет страницата на Скопски маратон http://skopskimaraton.com.mk.

Стартните пакети ќе можат да се подигнат од 9 до 11.мај (четврток-петок-сабота) на плоштадот „Македонија“ од 10 до 20.часот на двокатен туристички панорамски автобус.

Рекордот на скопскиот маратон изнесува – 2 часа 23 минути и 51 секунда поставен во 2011 година од кениецот Диксон Терер.

Би можело да ве интересира

Во Крушево маратонците и обожавателите одбележаа 17 години без Тоше Проески

Падна олимпискиот рекорд во маратонот во Париз

Горан Наумовски

Загина светскиот рекордер Келвин Киптум

Кениецот Едвин Кипту е победник на маратонот во Атина

Шанкуле победничка на мундијалскиот маратон во Будимпешта

(ВИДЕО) Невидена грешка и остана без 7000 долари: Наместо на целта, тргна кон полицијата

Предраг Петровиќ