ЗНМ со осуда за односот на ИДКНА кон весникот „Коха“

Од:

Здружението на новинари на Македонија денеска излезе со осуда за начинот на јавна комуникација и обвинувањата упатени кон весникот „Коха“ од страна на Институтот за Духовно и Културно Наследство на Албанците (ИДКНА).

-Овој институт на својата веб страна и на профилите на социјалните мрежи има објавен текст насловен како „Застрашувачки е антисемитскиот јазик на весникот КОХА!“ во кој ги обвинува новинарите и уредниците како и соговорниците на одредени теми поврзани со написи за работата на Институтот, а објавени во „Коха“. Во овој текст, кој потоа е објавен од неколку медиуми се обвинува медиумот „Коха“ дека работел со цел да наштети на имиџот на оваа јавна установа додавајќи дека „весникот КОХА ќе стане контејнер на антисемитски реакции“, се нагласува во реакцијата на ЗНМ.

Здружението потенцира дека загрижува фактот што во последно време директори на јавни институции ги користат ресурсите на истите да се пресметуваат јавно со медиуми кои критички ја опсервираат нивната работа.

-Институтот за духовно културно наследство на Албанците како јавна национална установа треба да даде пример како се негува професионален однос со новинарите и медиумите а не истата да се обидува да ги дискредитира оние за кои тие сметаат дека не се етични. Затоа, бараме од Директорот Скендер Асани јавно да се извини на весникот „Коха“ и на тој начин да покаже дека има толеранција кон јавно кажана критика, се вели во реакцијата.

Доколку и понатаму директорот Асани, додава ЗНМ, смета дека кој било медиум не бил етичен на теми кои ја засегаат работата на Институтот има можност да поднесе претставка до медиумските саморегулативни тела или да го искористи своето законско право за барање на исправка и демант.

-Во спротивно ќе се остави впечаток дека тој тенденциозно врши притисок на работата на медиумите и со тоа се обидува да ги обесхрабри да се интересираат за работата на ИДКНА, се додава во реакцијата на ЗНМ.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Попречувањето на новинарската работа е недозволиво

А1он

ЗНМ: Грубо прекршување на правата на новинарката Мирослава Симоновска: Повик за итна истрага

Чадиковски ги повика институциите да се најдат сторителите на запаленото возило на директорот и новинар на штипската Телевизија М НЕТ

ЗНМ: Запалено возилото на колегата Серсемов, бараме итна акција на МВР

Судскиот совет одлучи по претставката на ЗНМ: јавен укор за судијата Спировска Панева

ЗНМ: Нова контроверзна пресуда на Основниот граѓански суд Скопје