Општина Центар во пресрет на новата учебна година со дополнителни мерки за децата со потешкотии во развојот

Од:

Општина Центар ги направи сите неопходни подготовки за почеток на новата учебна година во услови на пандемијата на Ковид-19, следејќи ги препораките на надлежните институции.

– Водејќи максимална грижа за децата со потешкотии во развојот во учењето, преземени се дополнителни мерки за приемот на децата во основните училишта и градинките. Оваа година основните училишта ќе имаат на располагање 16 лични асистенти, кои ќе им бидат поддршка на овие ученици, особено во овој период на присуство на коронавирусот. За 5 асистенти, средствата ќе се обезбедат со донација од УНДП, а трошоците за останатите 11 ќе бидат покриени од буџетот на Центар, информираат од Општината.

Како што се вели во соопштението, покрај личните асистенти, основните училишта „Св. Кирил и Методиј“ и „Кочо Рацин“, во соработка со здружението „Отворете ги прозорците“, а со поддршка на Детската фондација „Песталоци“, ќе добијат асистивна технологија за работа со учениците со потешкотии во учењето, а обуките на кадарот за користењето на технологијата се во тек.

Општина Центар е во завршна фаза на подготовките за отпочнувањето со работа на трите сензорни соби, кои се наоѓаат во трите општински детски градинки.

– За сензорните соби, кои ќе се користат за олеснување на престојот во градинките на децата со аутистички спектар, во моментов се одвиваат обуки на воспитувачкиот кадар и стручните соработници во градинките за правилно користење на сензорните соби и работа со децата. Земајќи ја предвид моменталната состојба со пандемијата на коронавирусот, општинските воспитно-образовни институции водат и ќе водат целосна грижа сите деца да бидат вклучени во процесот, обезбедувајќи им безбеден и квалитетен престој во детските градинки и основните училишта, се наведува во соопштението на Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Лабудовиќ: Редарска служба, засилени полициски патроли и современ систем за безбеден Центар

Предраг Петровиќ

Герасимовски: Продолжува проектот „Сервис за стари лица“ , поддршка за 90 пензионери во Центар

Општина Центар: Вандализирана новата теретана и фудбалското игралиште во Паркот на франкофонија

Предраг Петровиќ

Запалени возила низ Скопје, ноќеска гореше и во Кисела Вода и кај Зелен пазар

Катерина Ѓуровски

Најголемата постигната цена за стан по метар квадратен е во општина Центар

Деца во градинка во Центар пронашле наркомански шприц во дворот, ја кршеле иглата и се гребеле

Предраг Петровиќ