Во Франција започнува судењето за атентатите во јануари 2015 година

Од:

Во Франција од денеска почнува специјалниот судски процес на кој ќе им се суди на соучесниците во атентатите од јануари 2015.

Судењето на 14 обвинети ќе трае четири месеци, со 200 граѓански странки, 80 адвокати, од кои 40-тина за одбраната. Судот заседава со 5 професионални судии, два заменици и тројца записничари. И со посебна одлука на правосудните власти, поради историското значење на овој судски процес, тој ќе биде интегрално снимен, практика што не е дозволена во француското судство.

Тројцата терористи, извршители на атентатот Шериф Куаши. Саид Куапи и Амеди Кулибали беа убиени при интервенцијата на француските безбедносни сили. Нивните имиња засекогаш ќе останат поврзани со страв, шок, болка. Браќата Куаши на 7 јануари влегоа во зградата која се наоѓа на улицата Никола Аперт бр. 10 во 10-от париски арондисман во просториите на неделникот „Шарли Хебдо“. Тие убиваат единаесет членови на редакцијата, а по излегувањето убиваат еден полицаец.

На 8 јануари во Монтруж, Амеди Кулибали стрела врз општинска полицајка, која почина ден подоцна како последица од раната. Истиот ден тој зема дваесетина лица како заложници во супермаркетот Хипер Кашер во Париз, и убива четири лица. Тројцата терористи се убиени во истовремена акција на француската полиција.

Никој од нив денес нема да биде на судењето. Денес ќе им се суди на Незар Микаел Пастор Алватик, чија ДНК е откриена на оружјето во станот на Амеди Кулибали. Обвинителството се сомнева дека Амар Рамадами и Саид Маклуф му помагале на Кулибали да се стекне со оружје. Од вториот се пронајдени траги од ДНК на оружјето кое Кулибали го користеше во Хипер Кашер. За соучесништво за снабдување со оружје ќе му се суди и на Мохамед-Амин Фарес. На Вили Превост ќе му се суди поради пружање на логистичка помош на Кулибали. Крситоф Ромел е единствениот од обвинетите кој ќе се брани од слобода, обвинет за пружање помош на Вили Превост.

Али Риза Пола поради отсуството на тројцата виновници за атентатите се појавува како главен обвинет во судењето, тој е присутен во сите стадиуми на подготовките на атентатите и се обидува да замине во Сирија.

Другите имиња се поврзани со браќата Кулаши, Абделаз Абад, Мигуел Мартинез, Метин Карасулар.

Во отсуство ќе им се суди на Хајат Бумедиен, Мохамед Белхосин и Мехди Белхосин за кои е издаден налог за апсење, за некои од нив се сомнева дека се убиени во Сирија или Ирак, но нема потврда.

Судењето го следат 90 акредитирани новинарски екипи.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата