Ангела Георгиевска е „Ново Име“ на танцот

Од:

Петтиот циклус на проектот за поддршка на младите таленти од областа на науката, културата, уметноста и спортот е завршен, а последното „Ново Име“ е Ангела Георгиевска од Пробиштип од областа на танцот. Наградата до 2.500 евра за унапредување на својот талент, Ангела ќе ја искористи да се подготви за европски натпревари и уште повеќе да ја збогати својата колекција на освоени медали.

Проектот и понатаму продолжува, а сите млади од 16 до 30 години кои сметаат дека поседуваат талент и сакаат да го споделат, да добијат поддршка и да го унапредат, ќе можат да ги испратат своите пријави до 15 септември. Сите информации за начинот на пријавување се достапни на платформата Ново Име.

– Последните три години моите пријателки Ева, Дајана и јас танцуваме модерен танц. Немавме големи финасиски средства, па се пријавувавме само на регионални натпревари, ама успесите не изостанаа. Пресреќна сум што најпосле ќе имаме пари да се подготвиме и да се пријавиме и за поголеми, европски натпревар, рече Ангела.

Проектот „Ново Име“ во потполност го поддржува компанијата ХТЛ МАКЕДОНИЈА и брендовите ADMIRAL, ASTRA и CASINO FLAMINGO HOTEL, членки на групацијата „Novomatic“ во Македонија, а од јануари пет млади луѓе со победа обезбедија средства да ги унапредат своите знаења и вештини. Ангела стана Ново Име на танцот во Македонија, а минатите месеци на победничкиот трон се најдоа и Сандра Туфеска, Ново Име на цртањето, Влатко Иљачев, Ново Име на пеењето, Антониј Ристески, Ново Име на музиката и Викторија Симеонова, Ново Име на музиката.

Би можело да ве интересира

Скопје ќе пречека стотици танчери в сабота на голем меѓународен танцов напревар

„Импулс“ – претстава на студентите од прва и втора година на Катедрата за современ танц при УГД

Ана Ололовска

Започнуваат со работа програмите од втор циклус студии на Катедрата за современ танц при УГД

Ана Ололовска

Премиерна изведба на „Парадоксот на Диоген“ во МКЦ

Ана Ололовска

Почнува седмото издание на „Битрикс танцова лига“

Скопје танцовиот театар ја отвора сезоната со танцов перформанс и филм

Ана Ололовска