Конференција за 100 години постоење на Филозофскиот факултет на УКИМ

Од:

„Науката и општеството: придонесот на хуманистичките и општествените науки“ е насловена конференцијата по повод 100 години од основањето на Филозофскиот факултет во Скопје. Ќе се одржува утре и задутре, а официјалното отворање е вечер од 18 часот на терасата на хотел „Дрим“ во Струга.

Според најавата, на отворањето ќе се обратат претседателот Стево Пендаровски, ректорот на Скопскиот универзитет Никола Јанкуловски, деканот на Филозофскиот факултет Ратко Дуев, претседателката на Организацискиот одбор Елизабета Димитрова и Верица Милеска-Стефановска од Комората за приватно обезбедување.

Академик Вера Битракова-Грозданова од МАНУ на отворањето ќе одржи почесно предавање „Ќиро Трухелка како професор на Филозофскиот факултет во Скопје во неговите почетоци“.

Во наредните два дена на конференцијата ќе се одржат панелни и ЗУМ-сесии со излагања на учесниците од областа на општествените и хуманистичките науки. Од Организацискиот одбор соопштија дека конференцијата ќе се одржи со почитување на протоколите и мерките за безбедност.

Би можело да ве интересира

Втор уписен рок за прва година на УКИМ, слободни места има на речиси сите факултети

Почнува уписот на УКИМ, слободни над 9900 места за студенти во прва година

Упис на УКИМ на 29 и 30 август, слободни над 9900 места за студенти во прва година

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со македонисти од 57. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ

Предраг Петровиќ

На УКИМ слободни 9.921 места за упис во прва година во 2024/2025

Горан Наумовски

УКИМ повторно рангиран на 1.990 место од 2.000 најдобри универзитети во светот