Србија останува на црвената листа на ЕУ, нова одлука за две недели

Од:

Последните податоци објавени  од Европскиот центар за превенција и контрола на болести во кои Србија има 23 новозаразени лица со Ковид-19 на 100.000 жители, не ја премисли Европската унија да донесе одлука за отварање на границите за српските патници.

Според првите, неофицијални информации кои пристигнуваат од Брисел, амбасадорите на земјите-членки на денешниот состанок донеле одлука да не се изврши преразгледување на списокот на трети земји кои можат да влезат на територија на ЕУ.

„Средбата беше кратка. Нема промени. Списокот останува како што беше претходно“, изјави за Новости, извор од седиштето на европската дипломатија, истакнувајќи дека „бидејќи нема промена во одлуката, нема да има официјални соопштенија по тој повод“.

Како за потсетување, ЕУ претходно соопшти дека во врска со ова прашањето ќе донесува одлуки на секои две недели, со што се очекува следната одлука да биде соопштена во средината на септември.

Би можело да ве интересира

ЕУ ќе претстави патоказ за постепено укинување на увозот на фосилни горива од Русија

„Гардијан“: Орбан се соочува со голем проблем, ЕУ планира да го замолчи

Силно невреме проследено со дожд и град зафати голем дел од Србија

А1он

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија