Демократскиот сојуз предлага на Спасе Димоски да му биде доделен орден „8 Септември“

Од:

Демократскиот сојуз му изразува искрено сочувство на семејството на велешанецот Спасе Димовски, кој исчезна во водите на надојдениот поток кај велешкото село Белештевица на трети август.

Димовски го загуби животот помагајќи им на екипи на ЕВН да се извлечат од калта предизвикана од надојдените води. И покрај масовната потрага, неговото тело беше пронајдено во водите на Вардар, дури три недели подоцна.

– Изразувајќи безрезервна почит кон неговиот херојски чин на саможртва во спасувањето луѓе во неволја, Демократскиот сојуз му предлага на претседателот на државата, Стево Пендаровски, на Спасе Димовски посмртно да му го додели орденот „8 Септември“, а Владата и ЕВН финансиски да го помогнат неговото семејство, соопштува Демократски сојуз.

Би можело да ве интересира

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Оставка на членовите на Републичкиот судски освет

Катерина Ѓуровски