А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Собраните средства од манифестацијата „Велигденско јајце“ за велешката црковно-народна кујна

by А1он08/05/2013 - 16:07174
Share0

Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев денеска му предаде 12.000 денари на Митрополитот Повардарски Агатангел, средства наменети за велешката црковно-народна кујна што беа собрани од овогодинешната манифестација „Велигденско јајце“.

Добивај вести на вибер

Примопредавањето се изврши пред кујната и граѓаните кои секојдневно ја посетуваат и земаат топол оброк.

-Познавајќи ја работата на Повардарската епархија на чело со владиката решивме како општина собраните средства да ги донираме токму во црковно-народната кујна и со тоа да направиме еден хуманитарен гест, рече градоначалникот Чадиев.

Средствата ќе одат исклучиво за потребите на кујната и за луѓето кои се хранат таму.

-Му благодарам на градоначалникот што во неговите почетни денови како градоначалник ја покажува љубовта, грижата за своите сограѓани, изјави владиката Агатангел.
Градоначалникот Чадиев и владиката Агатангел истакнаа дека успешната соработка ќе продолжи и во иднина.

-Токму кога јас бев претседател на велешкиот совет се донесе одлуката да се отстапи општинскиот објект за изградба на црковно-народна кујна, а ветувам дека и во иднина ќе соработуваме доста успешно, потенцираше Чадиев.

Владиката Повардарски Агатангел упати отворен апел до сите добронамерни граѓани да помогнат парично или со храна и облека за социјално загрозените велешани.

veles

Би можело да ве интересира

Филипче од Велес: СДСМ имаше пет иницијативи за раст на платите, ВМРО-ДПМНЕ ги одби сите

Предраг Петровиќ04/10/2025 - 20:08

Велешанец ја следел девојката, ја навредувал и ја малтретирал, но и нанел и повреди

Горан Наумовски20/09/2025 - 15:2220/09/2025 - 15:38

ДОМ: Фемицидот во Велес е резултат на институционален колапс – бараме одговорност и системски промени

Горан Наумовски18/09/2025 - 12:40

Петровска: Секое непостапување во случајот Росица мора да биде казнето!

Горан Наумовски17/09/2025 - 18:57

СДСМ: Убиство во Велес поради негрижа на полицијата на Тошковски и институциите на ДПМНЕ, бараме одговорност

Катерина Ѓуровски16/09/2025 - 14:21

Изгоре автомобил на паркинг во Велес

Горан Наумовски06/08/2025 - 15:09
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен