ДФРМ стана член на Европската асоцијација за аудиовизуелна продукција

Од:

Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ) е 19-та членка која се приклучува на Европската асоцијација за аудиовизуелна продукција (CEPI).

Како што соопшти ДФРМ, CEPI е основана како Европска координација на независни продуценти во 1990 година со цел да ги организира и застапува интересите на независните кино и телевизиски продуценти во Европа.

Во 2018 година CEPI се претставува како Европска аудиовизуелна продукција и денес е единствената европска асоцијација која вклучува независни телевизиски и филмски продуценти, односно 8.000 независни продуцентски компании во Европа.

Членовите на CEPI создаваат широк спектар на разновидна филмска и телевизиска содржина, од самостојни документарци, организирање и изведба на специјални настани, до емисии, анимации, високобуџетни драмски серии. Членовите на оваа асоцијација се креатори на едни од најиновативните, најпопуларните и најпредизвикувачките филмски и телевизиски содржини во Европа. Заедно членовите на CEPI обезбедуваат над 16.000 часа нова програма на радиодифузерите во Европа.

Друштвото на филмски работници на Македонија е член на IMAGO, Светска асоцијација на кинематографи, член на FERA, Европска асоцијација на филмски режисери, член на EPC, Европски продуцентски клуб и ја поседува лиценцата за избор на национален претставник за наградата Оскар, доверена од страна на Американската академија за подвижни слики, уметност и наука.

Би можело да ве интересира

Мони Дамевски избран за нов директор на ИФФК „Браќа Манаки“

Ана Ололовска

„Македонски анимиран филм 1971-1991“ – проект на ДФРМ

Ана Ололовска

ДФРМ едногласно ги поддржа мерките за спас на филмската фела и македонската кинематографија

Ана Ололовска

ДФРМ и Агенција за филм: Финансиската поддршка за филмските работници е разбирање на нивниот статус

Ана Ололовска

Издаден прирачник за филмаџии во издание на ДФРМ

А1он

ДФРМ бара редефинирање на финансирањето на македонскиот филм

Ана Ололовска