ДФРМ едногласно ги поддржа мерките за спас на филмската фела и македонската кинематографија

Од:

ДФРМ на последното собрание ги поддржа двете мерки донесени од Агенцијата за филм на РСМ. Првата мерка се однесува за ургентно префрлање на рата за проектите што се завршени или се во поодмината фаза на реализација, а втората за директна финансиска помош за независните филмски работници, оние кои егзистираат единствено од работа на филмски проекти и немаат други приходи.

-Двете мерки се донесени интервентно, земајќи ја предвид моменталната ситуација со светската пандемија предизвикана од вирусот Ковид-19, а нивната цел е да се помогне и одржи кревката македонска кинематографија. Истите или слични мерки се спроведуваат во безмалку сите земји во Европа. На собранието на ДФРМ, едногласно беа поздравени овие потези, знаејќи дека во изминативе шест месеци работата на филм во државата беше во целосен застој, информираат од ДФРМ.

Едногласно, од страна на собранието беше донесен заклучок дека со индигнација се отфрлаат и осудуваат неодамнешните написи во одредени медиуми, како и обвиненијата на поединци во врска со споменатите мерки.

-Политичките притисоци на тие поединци, каде се издвојува името на нашиот режисер Милчо Манчевски, претставуваат атак на домашната кинематографија, со единствена цел да се остварат лични интереси во време на предизборни активности на политичките партии. Ваквото однесување нè враќа кон времињата на едноумие и нетранспарентност, кога огромни средства со години се префрлуваа на поединци и им беа исплаќани екстремно високи хонорари. На тој начин се оставаше малку простор за афирмација и работа на голем дел од филмската фела, посебно кај младите професионалци. ДФРМ смета дека овој начин на функционирање треба да го ставиме зад нас, посебно во периодот кога македонската кинематографија има свој драматичен подем, велат од ДФРМ.

Оттаму потенцираат дека македонските филмови се дел од најпрестижните филмски фестивали и ја освојуваат светската публика преку филмските фестивали како Санденс, Берлин, Кан, па сè до огромниот успех на годинашната церемонија на американската Академија, каде нашата земја се закити со две номинации за Оскар.

ДФРМ испраќа апел до политичките партии и одредени медиуми, да не подлегнуваат на притисоците и манипулативните конструкции кои, наведуваат, ги лиферуваат поединци за сопствен бенефит.

-Сметаме дека треба јасно и недвосмислено да се искаже ставот дека е недозволиво, македонската филмска фела да биде заложник на таквите интереси и со тоа да назадува националната кинематографија. Посакуваме заедно, посветено и транспарентно, да ги почитуваме пропишаните критериуми кои мора да важат за сите подеднакво и да продолжиме со афирмацијата на нашиот филм и култура во светот, велат од ДФРМ.

Членовите на Друштвото на филмските работници на Македонија истакнуваат дека нивното здружение е единственото релевантно од областа на филмот во нашата земја.

-ДФРМ e член е на IMAGO, светската асоција на кинематографери, член на FERA, европската асоцијација на филмски режисери, основач е и организатор на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ и ја поседува лиценцата за избор на национален претставник за наградата Оскар, доверена од страна на Американската академија за подвижни слики, уметност и наука. Оваа година Друштвото на филмските работници прославува 70 години од своето основање, посочуваат од ДФРМ.

Би можело да ве интересира

Снимањето на серијата за Хари Потер започнува следната година: „Нова актерска екипа“

Предраг Петровиќ

Проекција на филмот „Божиќното танго“ во режија на Никос Кутелидакис

„Лиминални простори-лиминални тела“ – проекција на краток филм и изведба на танцов перформанс во Охрид

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ