Охрид со низа активности ќе го одбележи Денот на Европа

Од:

Со низа културни настани Охрид и оваа година се вклучува во одбележувањето на 9 Мај – Денот на Европа, односно денот на победата над фашизмот во Втората светска војна.

Во организација на Општина Охрид и Делегација на ЕУ ќе биде отворена Инфо-точката на ЕУ во Општинскиот инфо-центар, каде обраќања ќе имаат амбасародите на Шведска и на Холандија Ларс Валунд и Мариет Схурман. Потоа активностите продолжуваат на Градскиот плоштад, каде е предвидена пригодна програма, збогатена со настапи на културно-уметнички друштва, хорови и млади уметници од општинските основни и средни училишта.

По повод Денот на Европа утре во Изложбениот салон на Центарот за култура „Григор Прличев“ пригоден концерт ќе одржат уметниците Бакревски и Ѓоревски од „Дуо кларинети“.

Во организација на Амбасадата на Шведска, Делегацијата на ЕУ во Република Македонија и Културно-изложбениот центар „Култура 365“ ќе се одржи и детско читачко катче. На тој собир што ќе се одржи во просториите на „Култура 365“ ќе биде презентирана литература за деца од шведски автори.

Победата над фашизмот ќе ја одбележи и Центарот за култура „Григор Прличев“, со ревија руски филмови насловен „Војна и мир во рускиот филм“.

Организатори на ревијата се Филмскиот фонд на Македонија во соработка со Руската амбасада, Рускиот културен центар од Софија, Министерството за култура, Кинотека на Република Македонија и Центарот за култура „Григор Прличев“ од Охрид.

Ревијата на руски филмови стартува на Денот на победата над фашизмот – 9 мај, а во нејзини рамки ќе бидат прикажани филмските остварување „Ние сме иднината“, „Поп“, „Една Војна“, „Ѕвезда“, „Ослободување“ и „Летаат жеравите“.

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Земјотрес во Охрид

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум