„Кино на отворено“ во Крива Паланка

Од:

Во дворот на средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ во Крива Паланка синоќа се одржа бесплатна проекција на американски филм, во организација на „American pop up corner“ во соработка со Советот на млади на Општина Крива Паланка.

Настанот се органзиираше во форма на летно кино, филмот беше проектиран на големо платно во предворјето на гимназијата, а столчињата и „мрзливите вреќи“ кои го симулираа амбиентот на кино на отворено беа прописно дистанцирани соглансо мерките и препораки за заштита од Ковид-19.

-Совет на млади во соработка со „American Pop Up Corner“ организираше кино на отворено со цел анимација на малдите од градот, за да им се понуди културно-забавна програма во времето на пандемија, со оглед на тоа што сите активности од областа на културата во овој период се сведени на минимум. За удобноста на овој настан се погрижија нашите пријатели од „American Pop Up Corner“ и не снабдија со „lazy bags“, а имавме обезбедено и освежителни напивки и закуска, како и заштитни маски за сите учесници, информира Александар Величковски, претседател на Совет на млади на општина Крива Паланка.

Бројот на места за присуство беше ограничен, согласно протоколите од Минситерство за здравство и комисијата за заразни заболувања, а младите кои присуствуваа изразија желба ваквите активности да се органзиираат по често.

Би можело да ве интересира

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ