Прилепчани задолжително да ја превриваат водата за пиење

Од:

Граѓаните на општина Прилеп изминативе неколку дена забележаа дека во нивните домови доаѓа малку заматена вода од градскиот водоводен систем.Од Центарот за јавно здравје изјавуваат дека тоа настанало како резултат на наглото топење на снегот поради високите температури и резултира со зголемување на издашноста на изворот Студенчица.

За таа цел од Центарот за јавно здравје упатуваат препорака до граѓаните на општина Прилеп превентивно да ја превриваат водата со цел да не се наруши нејзината безбедност.Екипите постојано се на терен,а до ЈКП „Водовод и канализација“ е наложено да водат сметка резидуалниот хлор да биде во нормалните граници.

Овие препораки за превентивно превривање на водата за пиење се однесуваат на 230 илјади корисници на вода за пиење од Студенчица од општините Прилеп,Крушево,Македонски брод,Кичево,Пласница,Другово и Долнени.

Би можело да ве интересира

Експресниот пат Прилеп-Градско е затворен за сообраќај

Владата нема ингеренции за да интервенира во решавањето на водоснабдувањето на територија на Скопје, вели Перински

Зголемена потрошувачка на вода, во делови од Скопје рестрикции и намален притисок

ВИДЕО: Како се одвивала целодневната драма во Прилеп која заврши трагично

Убиецот од Прилеп фрлил бомба и пукал кон полицијата

Катерина Ѓуровски

Ги убил внукот и неговиот син поради кавга за имот, детали за случајот во Прилеп

Катерина Ѓуровски