Бугарската партија Движење за правата и слободите – ДПС или попозната како партија на етничките Турци, нема да ја поддржи владеачката партија ГЕРБ за новите уставни промени како и за формирање на Собранието, ова беше соопштено на денешната пресконференција од страна на лидерот на партијата, Мустафа Карадај.
Според партијата, новите иницирани промени од страна на ГЕРБ претставуваат удар врз демократијата и државноста.
„Проектот ги негира универзалните вредности- слободата, мирот, хуманоста, еднаквоста, правдата и толеранцијата“, рече Карадај.
Според него, сите политички сили мора да пристапат кон новите предизвици со потребната одговорност. Новиот устав мора да биде усвоен како нов социјален договор, по мирно спроведени дебати и во нормални политички времиња. Треба да се слушне мислењето на граѓаните, како и на академското општество.
Ваквата одлука беше донесена на вонредната седница на партијата.