Еко-настан на „Млечен“: Дојдете на Вело-Родео

Од:

Во населбата „Владо Тасевски“, на платото на „Млечен“, утре, од 17 до 21 часот, младите ќе имаат можност да бидат дел од настанот наречен Вело-Родео. Ова едукативно – рекреативно случување е во организација на здружението на граѓани „Eco Logic“ и Општина Карпош.

Сите млади и активни сограѓани, кои се љубители во велосипедизмот можат да дојдат со својот велосипед и низ дружба и забава да ги увидат придобивките од користење на ова превозно средство, повикуваат од Карпош.

„Во вело – мрежата на „Eco Logic“ се вклучени сите десет основни училишта во Карпош, што подразбира учество во континуираните активности со велосипед наменети за учениците, во организирање работилници и во напорите секое училиште и секоја населба да имаат подобра вело инфраструктура.

Организацијата на вакви настани придонесува до поголема физичка активност кај младите, поточно за момент да ги остават телефоните и другите е – уреди и да бидат активни. Исто така, „враќањето“ на младите по маалските паркови, платоата, придонесува и за обновување на маалскиот соживот во Карпош, нешто што е обележје на оваа скопска општина“, се вели во соопштението на Карпош.

Оттаму информираат дека реализацијата на настанот ќе биде согласно сите протоколи за организирање на јавни настани.

Задолжително е носењето на заштитна маска и одржување дистанца, а учесниците ќе имаат можност и за честа дезинфекција на рацете.

Би можело да ве интересира

Затворена кујната во ОУ „Димо Хаџи Димов“ – неколку деца се хоспитализирани

А1он

55-годишен скопјанец е пронајден мртов во својот дом во Карпош

Горан Наумовски

Мицкоски: Јакимовски мора да биде минато во Kарпош, потребна е промена за крај на бетонизацијата

Јакимовски: Субвенција за секој граѓанин кој ќе набави возило на електричен погон

Јакимовски: Карпош не се купува со лаги – се брани со работа, резултати и достоинство

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лукровски: Целосна дигитализација на услугите за искоренување на корупцијата и почит кон времето и довербата на секој карпошанец