Во Кабул е убиен високиот советник за јавни прашања на авганистанскиот претседател, Мохамед Хасан Хотак.
За смртта на Хасан Хотак јави авганистанскиот ТВ канал 1ТВ, повикувајќи се на локалната полиција.
Советникот бил убиен синоќа во близина на неговиот дом.
Авганистанскиот претседател Ашраф Гани го осуди убиството, нарекувајќи го терористички чин.