Притвор за 34-годишен кумановец заради дрога

Од:

Основното јавно обвинителство Куманово побара притвор за 34 годишен кумановец осомничен за неовластена продажба на марихуана, а судот му определил мерка притвор во траење од 30 дена, соопштија денеска од обвинителството.

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 34-годишен кумановец за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот Законик.

– Осомничениот на 27.08.2020 година, во Куманово, неовластено заради продажба пренесувал наркотична дрога-марихуана. Тој превезувајќи се во возило марка „фолксваген шаран“ ја пренесувал дрогата скриена во возилото под предната хауба, до акумулаторот. Дрогата – марихуана спакувана во едно пакување со тежина од 205,37 грама, при извршената контрола од страна на службените лица, на локалниот пат Куманово- село Арачиново, во село Умин Дол, е пронајдена и одземена, се наведува во соопштението.

Надлежен јавен обвинител поради опасност од бегство на осомничениот, до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Куманово поднесе предлог за определување на мерката притвор. Судот по спроведена постапка донесе решение со кое на осомниченото лице му определи мерка притвор во траење од 30 дена.

Би можело да ве интересира

Полиција упадна во стан на дилери, тие дрогата ја фрлија низ прозорец

А1он

Акција во Прилеп: Полицијата уапси дилер на марихуана

Двајца осомничени признале вина за шверцот на пет тони марихуана од Македонија во Србија

Нови седум осомничени за транспортот на марихуана од Македонија во Србија

А1он

ВИДЕО: МВР објави снимка од марихуаната која од Македонија тргнала за Турција ,а беше запленета во Солун

По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана