Борисов му го честиташе на Зоран Заев реизборот за премиер на Република Северна Македонија

Од:

Бугарскиот премиер Бојко Борисов му честиташе на Зоран Заев за изборната победа и за реизборот за премиер на Република Северна Македонија, соопшти владината прес-служба во Софија.

– Бугарија неуморно се залага за правото на граѓаните на Република Северна Македонија да бидат дел од европското семејство, рече премиерот Бојко Борисов во честитката до својот колега, пренесува Бгнес.

Борисов истакна дека Бугарија останува доследна во поддршката за европската иднина на својот најблизок сосед, поттикнат од верувањето дека процесот на пристапување во ЕУ ќе биде клучен двигател за реформите и стабилноста.

Бугарскиот премиер посочува дека кога тој и Заев лично го потпишаа Договорот за пријателство, добрососедство и соработка на 1 август 2017 година, тие не само што отворија ново поглавје во историјата на билатералните односи, туку и му покажаа на светот дека земјите од регионот се доволно зрели, способни и амбициозни сами да ги решаваат своите проблеми.

– Со тој чин, нашите две земји се обврзаа да работат на зајакнување на економската соработка, врските во образованието и културата, меѓу бизнисот и луѓето од двете страни на границата, му напиша Борисов на Заев. Борисов изразува уверување дека како и пред три години така и денес водечки фактор за политичарите е желбата да се обезбеди подобра иднина за граѓаните, бидејќи односите меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија се развиваат на нивото на кое треба да бидат секогаш – на најблиски соседи и пријатели.

Во честитката до Заев, Борисов додава дека двете земји треба да останат одговорни и посветени на исполнување на целите поставени во 2017 година со потпишаниот договор.

– Во тој дух, искрено се надевам дека Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања наскоро ќе ги продолжи своите активности и дека членовите на Република Северна Македонија ќе покажат конструктивен став и јасна посветеност да се постигне согласност за прашањата што се дискутираат, додава Борисов.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски