ФОТО: Графити во Струга – „Етничка Албанија“, „Албанците се тепааат, а главните главата ја чешлаат“

Од:

Натписи на кои пишува „Етничка Албанија“, „Албанците се тепааат, а главните главата ја чешлаат“, се испишани на објектот на поштата во Струга, како и на други локации во центарот на градот.

struga-grafiti (2)

Графити и со други пораки се испишани и на споменикот на Револуцијата кој се наоѓа во центарот на градот наспроти зградата на општина Струга.

struga-grafiti (3)

Граѓаните од македонска националност бараат овие графити да бидат избришани бидејќи, како што велат, освен што ги иритираат претставуваат и грда слика за лицето на Струга, без разлика со каква содржина се и на кој јазик се напишани, особено сега пред почетокот на туристичката сезона.

struga-grafiti (1)

Новата локална самоуправа на чело со градоначалникот Зијадин Села уште за време на кампањата најави дека од Струга ќе направи безбеден град во кој сите ќе се чуствуваат безбедни и дека ќе биде градоначалник на сите граѓани на Струга.

struga-grafiti (5) struga-grafiti (4)
Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Почнува десеттото јубилејно издание на фестивалот на краток филм „Дрим Шорт“ I

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

Мајка од струшко село осомничена за „запуштање и малтретирање дете“

Градоначалникот Ќира се прогласи за ненадлежен за криминалот со плажите во Струга

Предраг Петровиќ

Стружанец се самоповреди со харпун додека ловеше риби во Охридското Езеро

А1он

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ